Еве во кои градови би можела да игра Македонија доколку завери место на Светското првенство 2027

653

Македонската ракометна репрезентација по завршување на Европското првенство 2026 година на кое го освои 14-то место, најдобар пласман во последните четири шампионати, следна цел има да завери билет за Светското првенство 2027 година кое ќе се одржи во Германија.

На патот кон ова големо натпреварување, селекторот Кирил Лазаров и неговите избраници ќе го имаат подобриот од премсетката меѓу Украина и Словачка. Македонија првиот меч го игра на гостински терен, додека реваншот ќе го игра пред своите фанови, бараж мечот е закажан за 13/14 и 16/17 мај оваа година.

Иако е се уште рано и треба да се мисли прво на бараж мечот сепак е добро да се споменат градовите домаќини на Мундијалот следната година.

Градовите домаќини во прелиминарната рунда се Минхен, Штутгарт, Кил и Магдебург. Додека пак Келн и „Ланксес Арена“ ќе бидат домаќини на завршниот турнир, додека пак Президент Купот ќе се игра во Магдебург.

Она што веќе е познато е дека Германија ќе игра во групат А во Минхен, додека пак Данска која бранител на тронот ќе биде во групата Е или Ф, двете ќе се игратат во Кил.

Групите што ќе се играат во Минхен и Штутгарт, ќе формираат нови две групи и тие ќе играат во Келн. Додека пак групите што ќе се играат во Кил и Магдебург, ќе формираат две нови групи и тие ќе се играат во Хановер.

Светското првенство ќе се игра од 13 до 31 јануари 2027 година.

ПретходноМато открива: Немав интернет да им кажам на Вардар дека одам во Хартс
СледноАтаман по драмата со Реал: Знам кој провоцира – нека продолжат!