Тимот на Куманово има огромен проблем во моментов, преточен во три последователни порази во домашниот кошаркарски шампионат. Тимот кој е под водство на Марин Докузовски предмалку доживеа пораз од екипата на Феникс со 86:84.
Од стартот на новата година Куманово реди само порази, па по оној против Маџари, сега, еве и Феникс одзема бодови од објективниот фаворит.
Клучниот момент на мечот се случи на две минути до крајот кога Куманово имаше плус 78:82, а следуваше 7:0 пред се поради поените на Дајсон. При резултат 85:82, Куманово промаши две тројки за израмнување, а прекршокот над Луковиќ значеше две погодени слободни од негова страна. Матјус од своите два „пенала“ погоди само еден, но кумановци не стигнаа до удар во последниот расположлив напад.
Дајсон и Матјус постигнаа по 18 поени и беа најефикасни во овој триумф на Феникс, додека прв стрелец на гостите, воедно и на натпреварот беше Максим Митевски со 26 поени.










