Судии за Куп: Качевски ќе им суди на Победа и Вардар

1189

Во среда на 15 септември со почеток од 15 часот закажани се мечевите од 1/16 финалето во Купот на Македонија. Од 14 средби ќе се одиграат единаесет, додека другите три ќе се играат следната среда.

Познати се и судиите кои ќе ја дела правдата на овие мечеви. На дербито меѓу Победа и Вардар главен судија ќе биде Јобан Качевски од Струга. На мечот меѓу Воска Спорт и Брегалница правдата ќе ја дели Дејан Јакимовски од Скопје, додека во Виница, каде Работнички и гостува на Слога, која е лидер во ВМФЛ – ИСТОК, за главен судија е делегиран Стојанче Стојанов од Штип.

ДВОЈКИ И СУДИИ – СРЕДА (15:00 Ч)

Детонит – Македонија ЃП (Б. Величков – Велес)

Победа – Вардар (Ј. Качевски – Струга)

Беса – Скопје (Ф. Идризи – Тетово)

ТИМ Локомотива – Охрид (М. Дејаноски – Кичево)

Љуботен – Пелистер (Д. Стојчевски – Скопје)

Гостивар – Ренова (М. Ецкоски – Охрид)

Кораби – Беласица (М. Младеновски – Скопје)

Слога (В) – Работнички (С. Стојанов – Штип)

Новаци – Тиквеш (К. Смоквоски – Прилеп)

Саса – Струга ТЛ (Д. Младеновски – Скопје)

Воска Спорт – Брегалница (Д. Јакимовски – Скопје)

22.09.2021 (СРЕДА) – 15:00 Ч

Кит Го – Шкендија (Б. Ралевски – Битола)

Њу Старс – Борец (Ф. Бафто – Охрид)

Велешта – Шкупи (В. Ѓорѓиевски – Битола)

ПретходноКК Работнички: Нашиот клуб е во 100% сопственост на Општина Центар, без истата помош нема да постоиме
СледноУтре ќе се решава судбината на Пане во Тиквеш!