МЗТ Скопје Аеродром без проблеми против Ангели

41
фото: KK MZT Skopje Aerodrom (FB)

Тимот на МЗТ Скопје Аеродром без проблеми во најновото коло од домашниот кошаркарски шампионат го совлада тимот на Ангели со конечни 95:74.

Лидерот на домашната конкуренција по 14 кола, и натаму е со само еден пораз откако денеска на рутина го совлада последнопласираниот тим на табелата.
„Штрковите“ во првата четвртина веднаш покажаа дека немаат намера да дозволат никаква резултатска неизвесност па истата ја завршија со 32:19. Веќе во продолжението и следните 26:20 ја потврдија и онака познатата констатација дека МЗТ Скопје Аеродром ги впишува и онака испланираните бодови на овој меч.

Во второто полувреме, предноста на домаќинот само беше одржувана, па третата делница речиси беше изендачена со 15:12. Онаа последната пак Ангели дури и ја добија со 22:23 за поставување на конечниот резултат 95:74.

Гил со 22 поени и пет скока најјефикасен на овој дуел, додека пак Стефанов од спротивната страна најдобар кај поразениот состав. Дури осум кошаркари на овој меч имаа двоцифрен број на поени.

 

ПретходноКуманово има проблем, Феникс со минимален триумф
СледноТиквеш ја продолжи кризата на Работнички, Кожув убедлив во Гостивар