Во последниот меч од денешната програма, Пелистер успеа да дојде до нова победа, откако на гостувањето кај дебитантот Маџари славеше со 83-99 (19-24, 35-26, 16-20, 13-29 ) во меч од 14-то коло во Супер-лигата.
Маџари повторно се покажа како незгоден противник, бидејќи до 30-та минута беше рамноправен противник. Лошата игра во последната четвртина беше причина за убедливиот пораз, во овој период битолчани доминираа со 13-29.
За Пелистер ова беше 10-та победа и останува на бод зад МЗТ Скопје и два зад лидерот ТФТ. На другата страна Маџари има скор од 7 победи и исто толку порази.
Стајиќ со 26 поени и Малешевиќ со 24 поени беа лидери кај Пелистер, на другата страна Хот имаше 28 поени и 8 скока.










