Васоски: Подготовките го дадоа својот ефект, но дуелот против Башкими ќе до даде одговорот

151

Тимот на Силекс како повеќето од нашите прволигаши, одработи солидни подготовки во Анталија. Кратовци имаа неколку силни ривали на пријателските средби, против некој од нив извлече и позитивен резултат, што не е секако најважно, но е добро да се знае дека екипата оди во правилната насока што се однесува до формата.

Тренерот Александар Васоски е задоволен од она што го виде зимава од своите избраници.

„Задоволен сум во глобала од подготовките, кои што ги одработивме во целост. Иако во Анталија неколку дена условите не беа нај идеални. Сепак,ние не одложивме ниту еден меч, одработивме добро. Екипата е таа, доведовме и имиња кои што дефинитивно ќе ни го подигнат квалитетот.

Амбициите се исти, целта е излезот во Европа, а доколку се создадат условите и да се освои и Купот на Македонија. Секогаш е добро да се освои трофеј. Амбициите се тие. Се надевам дека ќе имаме добар старт, против Башкими, дека условите ќе ни дозволат да играме на квалитетен терен. Верувајте дека ништо не сме направиле на овие подготовки, ако на првиот дуел од пролетниот дел не одиграме како што треба и ефектот не биде оној посакуваниот“ – изјави за Спортспорт, Александар Васоски.

Денеска инаку Силекс го одигра и последниот пријателски дуел зимава понбедувајќи го второлигашот Скопје со 0:3.

 

 

ПретходноСлот: Вирџил нема да остане во Ливерпул уште 10 години, но уште една и пол – сигурно!
СледноФитон Адеми нов член на Лапи