Гостивар остана без тренер во пресрет на утрешниот дуел со МЗТ Скопје. Имено Александар Петровиќ и раководството на клубот се договориле да ја прекинат соработката, која траеше од ноември коха искусниот стратег седна на клупата на гостиварци со што го наследи Љупчо Малинков.
Петровиќ имаше успешно деби, го победи Пелистер, но затоа на следните седум натпревари доживеа шест порази и затоа овој тим сега се наоѓа во долниот дел на табелата.
Се говори дека Петровиќ ќе го преземе тимот на Константин од Ниш.
За тоа кој ќе го води Гостивар на утрешниот меч со МЗТ Скопје, но за тоа ќе треба да се почека на одлуката на раководството на клубот.










