ТФТ го “скрши“ Чаир за продолжување на победничката серија

28

Само два дена по настапот во АБА2 лигата, денеска ТФТ во крајно невообичаен “утрински“ термин од 12 часот, во меч од 14.коло во нашата елитна лига, успеа да дојде до победа против составот на Чаир.

На крајот резултатот гласеше 111:91 за големиот фаворит на овој натпревар кој се одигра во салата во Маџари.

Гордон со 25 и Ташовски со 22 поени се истакнаа кај домашните, додека Стардивант кај тимот на Чаир запиша 24 поени.

Треба да се каже дека кошаркарите на Чаир во “првото полувреме“ дадоа силен отпор, втората четвртина и ја добија со 31:32, но сепак немаа сила во продолжение од овој меч да сторат нешто повеќе против поквалитетниот домашен тим кој кога требаше да се набилда разликата, тоа и го направи и во “второто полувреме“ го реши прашањето околу победникот.

Со оваа победа ТФТ и натаму ја продолжува победничката серија, ова за тимот од скопско Тафталиџе беше 13-ти триумф, па така и натаму е на врвот на табелата.

ПретходноЗимскиот преоден рок донесе нови рекорди!
СледноШкупи ќе му биде домаќин на Тиквеш во Кавадарци!