Брутален трипл-дабл на Никола Јокиќ за историја (ВИДЕО)

651
фото: Denver (X)

Никола Јокиќ забележа уште еден трипл-дабл во НБА-лигата, овој пат го надмина легендарниот Оскар Робертсон на вечната листа. Во победата на Денвер против Чикаго (136:120), тој го забележа својот 182-ри трипл-дабл во кариерата – 22 поени, 17 асистенции и 14 скока.

Нереални бројки од најдобриот играч на планетата кој по којзнае кој пат покажа зошто е над сите и зошто е еден од главните фаворити повторно да ја земе наградата за МВП. На крилјата на Јокиќ, Денвер забележа многу важна победа по три порази по ред и покажа дека се враќа на вистинскиот пат.

Јокиќ влезе во историјата по само три четвртини, бидејќи во тоа време беше веќе двоцифрен во сите три категории. Сега само неговиот поранешен соиграч Расел Вестбрук е пред него, кој има 207 вакви остварувања.

Што се однесува до стрелците, само Џамал ​​Мареј (28, 11 аса, 3 скока) и Тим Хардавеј Џуниор (23) беа поефикасни од Јокиќ.

Резултати: Сан Антонио – Далас 138-125, Орландо – Јута 120-117, Аталнта = Шарлот 119-126, Чикаго – Денвер 120-136, ЛА Лејкерс – Голден Стејт 105-99, Феникс – Филаделфија 103-109, Портланд – Мемфис 122-115м Сакраменто – Кливленд 126-132.

ПретходноАко си замине од Ал Наср: Ова се клубовите во кои Роналдо би можел да направи трансфер!
СледноКевин Дурант исвиркан на теренот на шампионот: Не му простија за предавството!