Ставре Јада настапи на ЗОИ, квалификациите ги заврши на 89. место

260

Ставре Јада е првиот македонски олимпијец кој настапи на Зимските Олимписки Игри кои се одржуваат во Милано–Кортина. После ПјонгЧанг 2018 и Пекинг 2022, ова е трета Олимпијада за Ставре.

Јада денеска настапи во квалификациите на нордиските трки спринт – крос кантри. Во конкуренција на 95 натпреврувачи (еден не се појави на трката) и врвни имиња, нашиот најискусен олимпијец, оствари време од 3:59.5 и заврши на 89 место.

Со ова време тој не обезбеди место во следната етапа од крос-кантри спринтот.

Нашиот олимпијец ќе настапи и во уште една дисциплина во нордиски стил на 10 км интервал старт.

ПретходноПМФЛ: Тројна битка за титулата, а осум екипи се во „игра“ за бараж или директно испаѓање!
СледноСе огласи кошаркарот кој прв ја започна тепачката