ГРК Охрид се подготвува за европски предизвик, Ѓукиќ порача: Сакаме полна сала!

87
Фото: ГРК Охрид

ГРК Охрид е целосен насочен кон 1/8 финалниот дуел против Дукла Прага, кој се игра во сабота (18 часот) во салата „Билјанини Извори“. Ова ќе биде прв посериозен тест за езерскиот тим во европскиот предизвик. Охриѓани очекуваат позитивен исход, кој ќе им донесе предност пред реваншот на гостински терен, па затоа поддршката од домашните фанови ќе биде клучна, па затоа очекуваат полна сала.

„Мислам дека Дукла Прага е сериозен тим кој игра во чешкото првенство и се бори за титулата во моментов. Не мислам дека ќе биде лесно, но се трудиме најдобро што можеме да постигнеме добар резултат дома. Со овој добар резултат, одиме во Прага и се надеваме дека ќе се пласираме во четвртфиналето. Значи, дефинитивно е јасно дека треба да играме на поголема разлика, за да одиме малку порастоварени во Прага. Секако, се надеваме дека ќе играме добро и дома и таму, и така се однесуваме и ја поставуваме нашата тактика, но велам дека нема да биде лесен натпревар ниту дома ниту таму. Ги повикувам навивачите да дојдат во што е можно поголем број, ако може да се наполни салата и да бидат нашиот осми играч“, вели крилото на Охрид, Ѓукиќ.

ПретходноПМФЛ: Булатовиќ со хет – трик му кажа “ЧАО“ на Работнички во Втора лига!
СледноАвстрија ќе се засили со Чуквуемека за Мундијалот 2026?