Каков ден на ЗОИ: 17 натпреварувачки не стигнаа до целта, пад на олимписката шампионка

57
Фото: Screenshot: X

Федерика Брињоне победи во супер-џи на Зимските олимписки игри во Кортина и Милано. Трката беше обележана со бројни падови. Од 43 натпреварувачки, 17 не ја завршија трката. Средниот дел од патеката беше проблематичен, во кој се урна и 30-годишната Американка Бризи Џонсон.

Олимписката шампионка во спуст се заглави во капија, по што се заврте и со голема брзина удри во заштитната ограда. Иако падот беше тежок, за среќа таа веднаш стана и се тргна од патеката без помош. Покрај падот на Џонсон, се издвојува и неуспехот на Софија Гоџа, водечката во оваа дисциплина во Светскиот куп, која исто така не стигна до целта.

Да потсетиме дека Џонсон е актуелна олимписка шампионка во спустот одржан минатиот викенд. Џонсон освои злато во таа трка, во која нејзината сонародничка Линдзи Вон (41) претрпе сериозна повреда.

Италијанската скијачка Федерика Брињоне ја освои титулата олимписка шампионка во супер-џи. 35-годишната Брињоне патеката „Олимпија дела Тофане“ долга 2.105 метри ја мина за време од 1:23,41.

Федерика Брињоне, која минатата година доживеа сериозна повреда, сега се врати, го освои своето прво олимписко злато откако освои сребро во велеслалом и бронза во комбинација на Зимските олимписки игри во Пекинг во 2022 година. Таа, исто така, освои бронза во велеслалом на Игрите во Пјонгчанг во 2018 година. Таа е и двократна светска шампионка.

ПретходноПриказната за Благоја Георгиевски Буштур – човекот по кого трофејот во Купот на Македонија го носи името
СледноТешка група: Македонија против Шкотска, Швајцарија и Словенија!