Очекувано, сепак ова е Б Лига на Нации, Македонија се падна во тешка група во петтото издание на ова натпреварување.
Нашите репрезентативци ги чекаат дуели со Шкотска, Швајцарија и Словенија во групата Б-1
Пред самата ждрепка Македонија беше во четвртиот шешир и од таму ги чекаше своите ривали.
Така сакаше вечерашната ждрепка во Брисел. Познато е дека Македонија за првпат во својата историја ќе игра во Б Лигата на Нации, што секако е голем предизвик за капитенот Енис Барди и неговите репрезентативни соиграчи како и за новиот селектор Гоце Седлоски. Очекуваме секако добар настап ако се знае дека и Македонија си има свој квалитет и свои адути. Посебно оваа генерација на играчи која ни донесе толку фудбалски радости.
Мечевите се играат од 24-26 септември до 15-17 ноември, мислиме тука на групната фаза во Лигата на Нации.
Инаку на вечерашната ждрепка присуствуваше и делегација на Фудбалската федерација на Македонија и тоа предводена од претседателот Масар Омерагиќ. Тука беа и селекторот Гоце Седлоски, директорот на репрезентацијата Горан Пандев и генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски.









