ТИМ И ИГРАЧ НА 17.КОЛО: Булатовиќ со хет – трик го „поздрави“ Работнички

133

И дефинитовно Лука Булатовиќ, офанзивецот на Пелистер е централна фигура во ова 17.коло или прво пролетно од тековната сезона 2025/26. Србинот не само што му даде три гола на Работнички, туку и одигра маестрален меч, кој беше екстра значаен за неговиот тим. Лука едноставно блескаше и затоа според „СпортСпорт“ е играч на колото.

Во тимот на колото се и Јашар (Башкими), Цветковски, Николов, Цветковиќ и Омерагиќ (Вардар),Пецов (Македонија ЃП), Фетаи, Спахиу и Р. Рамадани (Шкендија), Садик (Тиквеш) кој исто така постигна хет – трик ама против младинците на Шкупи.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

ЛУКА БУЛАТОВИЌ

Тим: Пелистер

Роден: 16.12.1998 во Србија

Кариера: Србобран, Динамо Панчево, Раднички Срем, Амврак, Лефкимис, Македоникос, Горица, Пелистер

ПретходноФФМ со донација, а ОФС Кавадарци јавно му се заблагодари!(ФОТО)
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Јетон Беќири (Шкендија)