Во Куманово продолжува „фештата“ – следи битка за Куп финале!

90

Во Куманово денеска продолжува кошаркарската фешта, на програмата за два меча во рамките на полуфиналето во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“.

Првите терен ќе истрчаат кошаркарите на МЗТ Скопје, кој ја имаат улогата на бранител на трофејот. Тие ќе ги одмерат силите против Кожув, тим против кого играа минатата година во финалето, дуелот е закажан со почеток во 17 часот.

После бурното четвртфинале, Куманово, домаќинот на Купот на Македонија, го чека уште една тешка задача за да стигне до финалето и да ги израдува своите фанови, кои вчера направија фешта и потсетија зошто вакви натпреварувања не треба да се одржуваат во Скопје. ТФТ е новиот предизвик на искусниот стратег Марин Докузовски и неговите момци, дуелот стартува во 19:30 часот. Тимот од Тафталиџе игра одлична сезона во домашниот шампионат, а вчера имаше и полесен противник, но и повеќе време за одмор. Но, дали сето ова ќе биде доволно за финале, останува да видиме.

ПретходноСамсунспор го избрка тренерот пред двомечот со Шкендија во ЛК!
СледноВо Србија откажано дербито, директорот на Војводина се бори за живот