Две децении бегал од полицијата, па го уапсиле откако се обидел да гледа хокеј на ЗОИ 26

57

44-годишен Словак, за кого Италијанската полиција вели дека ги избегнувал италијанските власти 16 години, беше уапсен во Милано оваа недела откако се вратил во Италија за да го гледа натпреварот на својата национална репрезентација во хокеј на мраз на Зимските олимписки игри во 2026 година, објави Асошиејтед Прес.

Италијанската полиција, позната како Карабинери, го уапси неименуваниот маж во средата откако се пријавил во камп на периферијата на Милано, по што властите ја пронашле неговата локација.

Човекот бил баран со потерница од 2010 година во врска со низа кражби изведени во Италија, но тој живеел како бегалец речиси две децении, избегнувајќи апсење од страна на органите на редот. По апсењето, бил однесен во затворот Сан Виторе во Милано, каде што ќе отслужи казна од 11 месеци и седум дена.

Интересно е што Словакот на крајот и не успеал да присуствува на првиот натпревар на Словачка на Олимписките игри, на кој словачката хокеарска репрезентација ја победи Финска со 4-1 во групната фаза на „Сантаџулија Арена“ во Милано.

ПретходноКупот на африкански нации во 2027 година ќе се одржи на лето!
СледноЈуве со играч помалку немаше сили да му „откине“ бодови на Интер