Денеска е завршницата во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“. Во финалето силите ќе ги одмерат Куманово и МЗТ Скопје, мечот е закажан со почеток во 19 часот.
Бранителот на трофејот, тимот од Аеродром до финалето имаше полесен пат. Без проблем ги доби дуелите против Работнички и Кожув, што пак не е случај со домаќинот на Купот. Куманово до финалето стигна преку Пелистер и ТФТ, одигра два тешки и исцрпувачки дуели.
МЗТ Скопје оди по 14. пехар, додека на другата страна Куманово по историја.
Марин Докузовски, најуспешниот македонски селектор, со своето искуство ќе се обиде да му го донесе на Куманово првиот пехар во историјата. Кумановци имаат играно само еднаш во финале и тоа во 2013 година, и тогаш за противник го имаа тимот на МЗТ Скопје.
Купот на Македонија е посебно натпреварување, фаворитите на хартија не победуваат секогаш.
И вечерва, исто како во претходните два дена кога играше Куманово се очекува салата да биде исполнета до последното место.










