Во рамките на 18. коло, eкипата на Арсими ja очекува значаен натпревар против АП Брера од Струмица . Играчот од средниот ред на Арсими , Малиќ Бехлули очекува бодовите да остануваат во Гостивар.
“Станува збор за квалитетен противник, но екипата е максимално подготвена и фокусирана со јасна цел освојување на трите бода.
По поразот од лидерот Вардар минатото коло, тимот направи детална анализа и во текот на неделата посветено работеше на корекција на грешките. Тој натпревар е оставен зад нас и служи како дополнителен мотив за подобро издание.
Против гостите, тимот ќе се бори до последниот судиски свиреж за дресот, за клубот и за поддршката од навивачите. Целта е јасна победа и задржување на бодовите на домашен терен”, изјави фудбалерот на Арсими.
Натпреварот помеѓу Арсими и Ап Брера од Струмица ќе се одигра понеделник со почеток од 14:00 часот на градскиот стадион во Гостивар















