МЗТ Скопје одигра доминантно во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“, на сите три меча до 14. трофеј славеше убедливо и потврди зошто е број еден тим во македонската кошарка.
На патот кон новиот пехар ги победи Работнички, Кожув и во финалето домаќинот, Куманово.
После завршување на финалниот дуел, тренерот на МЗТ Скопје, Васко Атанасов, имаше легендарна изјава. Тој само кратко порача:
„Како што кажав пред четири дена, трофејот останува во Аеродром“.
View this post on Instagram










