Попладнево во Гостивар, во меч од 18.коло во ПМФЛ, Брера како гостин кај Арсими успеа да дојде до екстра значајна победа во битката за опстано и тоа со 0:2. Стрелци на головите беа Петровиќ во 23.минута и Стојанов во 90+3.минута. Со овие три бода Брера сега има 23 и се наоѓа на 5.место на табелата, додека Арсими остана со тие 22 и сега падна на седмата позиција.
Инаку ова беше втор пролетен меч за Арсими и втор пораз.Додека Брера по ремито со Македонија ЃП во првото пролетно коло дома, сега дојде и до победа и три бода.
Инаку ова беше меч кој не донесе премногу квалитет, имаше многу тактика и пред се чување на својот гол, барем така беше до 23.минута кога Петровиќ погоди за 0:1 за голема радост на гостите од Струмица.
По тој гол јасно беше дека домашните фудбалери ќе тргнат со сите сили во напад, по израмнување на 1:1. Арсими ја имаше иницијативата, но сепак не успеваше да дојде до гол. Акции, удари кон гостинскиот гол, но немаше радост за домашните фудбалери, ја погодија и стативата, но немаше израмнување.
Струмичани на другата страна преку Тодоров во 54.минута имаа голема шанса за 0:2, но овој го префрли голот на домашните. Имаше шанса Петровиќ и за втор гол во финишот на средбата, но овојпат немаше среќа.
Арсими и во последната фаза од средбата тргна на се или ништо, едноставно гол и тоа како беше потребен, домашните фудбалери имаа шанси преку Селмани и Јусуфу, сепак на крајот мораа да му честитаат на гостинот.
Посебно ако се знае дека во судиското продолжение Стојанов погоди за 0:2. За голема победа на струмичани.















