Најтрофејниот урива рекорди: Вардар една година е без пораз на домашна сцена!

86

Веројатно никој, па ни самите фудбалери, тренерот Гоце Седлоски и фановите, ни во најубавите соништа не претпоставуваа дека по ланскиот пораз од Шкендија, на тој 16 февруари 2025 година, ќе следува блескава серија без пораз.

А таа серија, еве денеска се навршуваат година дена, трае ли трае. Вардар – Шкендија 1:2, стрелци беа Закариќ, Ибраими и Тамба, во тоа прво пролетно коло минатата сезона, а денеска исто така 16 февруари, само 2026 година, Вардар слави точно една година без пораз на домашна сцена. Одиграни се 37 меча, пет од Купот на Македонија и 32 во ПМФЛ, а Вардар нема пораз.Серијата на стратегот Гоце Седлоски и неговиот Вардар е 37 меча без пораз.

Импресивно нема што. Не паметиме некој наш клуб да имал ваков резултат во историјата на мак – фудбалот. Јасно е дека кога тогаш ќе дојде пораз, но сите во Вардар посакуваат оваа серија да потрае уште некој меч, а како Вардар одигра во првите пролетни кола секако дека и имаат право на такво нешто.

Инаку Вардар своите два наредни меча ги игра дома. Прво со Башкими во рамките на 19.коло во ПМФЛ (21.02.2026) и потоа со Охрид во 1/4 финалето од Купот со Охрид. Очекувано е Вардар и по овие два меча да остане непоразен и серијата да биде 39 меча без пораз.

Да кажеме и тоа дека Вардар е еден од ретките клубови во Европа кој оваа сезона е непоразен.

ПретходноПМФЛ: Брера со супер значајна победа кај Арсими!
СледноСега и официјално: Противникот на Шкендија во ЛК го претстави својот нов тренер! (ФОТО)