Плејмејкерот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, најави дека ќе учествува на натпреварот во шутирање тројки следната година во Феникс. Кари додаде и дека ќе се обиде да го убеди својот поранешен соиграч Клеј Томпсон да му се придружи во натпреварувањето. Лидерот на Вориорс го пропушти Ол-стар натпреварот поради повреда на коленото.
Кари последен пат го освои натпреварувањето во 2021 година во Атланта, а пред тоа, победи во 2015 година во Њујорк. Томпсон победи во 2016 година во Торонто.










