Куманово и во следните четири години ќе биде домаќин на Купот на Македонија!

122

Кошаркарската Федерација на Македонија во следните четири години го реши прашањето околу домаќинот на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“. Градот Куманово го положи тестот за да биде организатор на ова големо и важно натпреварување.

Откако претходниот викенд успеа да приреди вистински празник на кошарката, успеа да ја добие организацијата за Купот на Македонија и во следните четири години.

Салата во Куманово полека станува спортски центар не само за кошарката, туку и за ракометот.

Во овој момент единствена мана е што не посеува систем за ладење и за греење. Но, според најавите овој проблем треба најдоцна до октомври да биде целосно решен, па оние ладни услови на кои и самите бевме сведоци ќе заминат во историја.

Спортската сала во Куманово летово беше промовирана откако беше целосно реновирана, прва репрезентација која настапи беше македонската кошаркарска репрезентација, веќе во март во оваа иста сала ќе играат и ракометарките.

ПретходноНорвежанец на центарот за мечот Шкендија – Самсунспор
Следно„Црвено-црна“ мисија: Бенфика прва станица кон осминафиналето