Екипата на струмичка Брера секако дека пролетва, има намера да собере што е можно повеќе бодови, и тоа што побргу, за да има мирен финиш на сезоната.
Во првите две кола се освоени четири бода, што и не е така лошо. Сепак, на домашниот дуел против Македонија ЃП се појавија аномалии во играта на струмичани, кои ги потврдува и тренерот Мартин Алаѓозовски.
„На првиот дуел пролетва против Македонија ЃП, не бевме ние таа екипа што треба да бидеме. Бевме некако во грч. Искрено, и го очекував тоа затоа што тоа беше прв дуел во шампионатот. Следуваше период од неколку дена во кој отворено разговарав со играчите, за се што се случуваше, напорно трениравме и се мобилизиравме како екипа што се вели. Сето тоа даде плод. Во Гостивар одигравме добар меч и остваривме добар резултат. Добро е што играчите навреме се разбудија, сватија дека можеме да бидеме далеку подобри одколку на дуелот во МЃП и тоа и се оствари. Против Арсими дадоа 100% од себе и наградени се со три бода. Задоволен сум пред се од пристапот, односот на екипата. Секогаш може подобро, и затоа и не летаме многу. Смирено, сконцентрирано го очекуваме дуелот со Работнички. Нема да биде лесно“ – вели за Спортспорт, тренерот на Брера, Мартин Алаѓозовски.















