Прилеп живее со Победа со децении, близу еден век. Информацијата дека тимот ќе замине во минато, ги погоди сите оние кои што живеат со години со Победа. Ова го потврди на дело „shampion.mk“ кој излезе со вест дека прилепчанецот Кире Иваноски – Балче, пензионер, најавува – самозапалување ако тимот не продолжи да игра.
Пред одење во болницата Отешево, Кире Иваноски – Балче беше еден од оние прилепчани коишто секој ден напладне се собираа во центарот на Прилеп, кај јарболот, за да покажат дека Прилеп не се согласува со одлуката за згаснување на Победа и неиграњето на пролетниот дел од второлигашкото првенство.










