Со натпреварот меѓу ГОК Борец и Струмица утре ќе биде комплетирано и петтото коло од втората фаза на домашниот одбојкарски шампионат во машка конкуренција. Викендов се одиграа два меча во плеј-оф зоната и сите три пресметки во плеј-аутот.
Со оглед на постигнатите резултати најпријатно изненадување направи „забрефтаниот“ состав на Сушево, кој во Скопје во четири сета славеше над екипата на Работнички. Во плеј-аутот, голема дерби пресметка одиграа Скопје и Лирија, каде за „влакно“ поумешни беа гостите кои славеа во пет сета со 2:3.
ПРВА ЛИГА (М) – 4 КОЛО – ПЛЕЈ –ОФ
Работнички 71&22 – Сушево 1:3
ГОК Борец – Струмица 47&72 (утре, 19.30 часот)
Универзитет во Тетово – Штип УГД 0:3
ТАБЕЛА: 1. Штип УГД (43), 2. ГОК Борец (35), 3. Струмица (34), 4. Работнички (33), 5. Сушево (26), 6. Универзитет во Тетово (21).
ПРВА ЛИГА (М) – 4 КОЛО – ПЛЕЈ –АУТ
Македонија Џио – Јанта волеј 3:1
Весна Пробиштип – Шкендија 0:3
Скопје – Лирија 2:3
ТАБЕЛА: 1. Шкендија (29), 2. Лирија (25), 3. Скопје (13), 4. Македонија Џио (11), 5. Весна Пробиштип (9), 6. Јанта Волеј (2).










