Дисциплинската комисија при ФФМ одлучи: Вардар еден меч без публика и казна од 5000 евра

244

На вонредна седница на Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, меѓудругото е одлучено, ФК Вардар да биде казнет со еден меч играње без публика и глоба од 5000 евра поради лоша организација на мечот од 19. коло од ПМФЛ шампионатот против Башкими на домашен терен, меч што се одигра на комплексот Петар Милошевски.

„Поради слаба организација на натпреварот ФК ВАРДАР – ФК БАШКИМИ, навредливо и националистичко скандирање од страна на навивачката група на ФК Вардар и користење на недозволени пиротехнички средства, клубот ФК ВАРДАР се казнува со забрана на присуство на публика на еден натпревар и парична казна во износ од 5.000 евра“ – се вели во одлуката на „Дисциплинците“.

Дисциплинската комисија констатира дека одлуката на делегатот на натпреварот за изрекување опомена поради националистички скандирања е исправна, како и одлуката на судијата за привремен прекин на натпреварот.

„Дисциплинската комисија отвора постапка против делегатот на натпреварот ФК ШКЕНДИЈА Арачиново – ФК ПРЕСПА поради недоставување на релевантни факти во врска со ситуацијата околу поставувањето на државното знаме на стадионот, како и други околности поврзани со организацијата и текот на натпреварот, односно присуство на неслужбени лица на теренот за време на натпреварот. Дисциплинската комисија ќе постапува согласно важечките прописи и по целосно утврдување на фактичката состојба ќе донесе соодветна одлука“ – објаснува комисијата по повод одлуката за дуелот Шкендија А. – Преспа.

 

ПретходноПМФЛ полувреме: Шансите за Тиквеш, но во Ѓорче сеуште е 0:0
СледноСамо една работа може да го спаси Слот од отказ во Ливерпул