Линдзи Вон повторно се огласи:“Им благодарам на докторите што ми ја спасија ногата!“

119
ФОТО: Screenshot Instagram

Линдзи Вон доживеа сериозна несреќа за време на спустот на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, а сега Американката проговори од својот дом и сподели со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм како се чувствува во моментов.
Со повредено колено, Американката издржа само 13 секунди во спустот. Падна и претрпе сериозна фрактура на ногата и беше оперирана пет пати за помалку од две недели, а можно е да бидат потребни дополнителни операции.

Конечно ја напуштив болницата. Ова навистина беше долго патување и убедливо најекстремната, најболна и најпредизвикувачка повреда со која сум се соочила во животот – помножена сто пати. Ќе ви раскажам сè детално“ посочи Американката и продолжи…

Доктор Том Хакет ми ја спаси ногата. Тој ме спаси од ампутација. Тој изврши таканаречена фасциотомија, односно ги отвори обете страни од ногата, буквално ги одвои, така да се каже, за да може ткивото да „дише“ и така ме спаси“ истакна Вон покрај другото.

Често велам дека сè се случува со причина, но ако не го скинев предниот вкрстен лигамент – кој сигурно ќе го скинев во таа несреќа – Том немаше да биде таму и немаше да може да ми ја спаси ногата. Тоа ме прави многу среќна и благодарна кон него, особено за шестчасовната операција во среда, која сè врати на свое место. Операцијата помина неверојатно добро. Останав во болница подолго отколку што се надевав бидејќи мојот хемоглобин беше многу низок поради големата загуба на крв за време на сите операции. Навистина се мачев. Болката беше доста неконтролирана и морав да примам трансфузија на крв, што многу ми помогна. После тоа ми се подобри и сега конечно сум надвор од болница“ дополни Вон.

ПретходноТудор по ужасниот прв меч: Да бидеме скромни и да тренираме секој ден
Следно(НЕ)ОЧЕКУВАНО: “Специјалниот“ нема да одржи прес во Мадрид!