Јана Атанасовска блесна и победи во Телфс!

151
ФОТО:.facebook.com/mkdski.mk

На денешните FIS трки во Австрија, Јана Атанасовска блесна со два врвни резултати во исклучително силна меѓународна конкуренција и уште еднаш го потврди својот квалитет на европската сцена.

ПОБЕДА И НАЈДОБАР ЛИЧЕН РЕЗУЛТАТ! Во втората трка Јана доминираше и го освои 1-то место со 24,09 ФИС точки, што воедно е нејзин најдобар резултат во досегашната кариера!

ОДЛИЧНО ВТОРО МЕСТО! Претходно, во првата трка, таа покажа сигурност и техничка прецизност освојувајќи го 2-то место со 25,34 ФИС точки.

Овој успех е резултат на континуирана работа, дисциплина и јасна визија кон светскиот врв. Со вакви настапи, Атанасовска испраќа силна порака дека македонското алпско скијање незапирливо чекори напред кон најголемите светски успеси!

ПретходноПререгистрирани уште седуммина играчи: И ОФС Прилеп со соопштение во врска со ФК Победа!
СледноАрдијан Нухиу не е веќе тренер на Тирана! (ФОТО)