Ардијан Нухиу не е веќе тренер на Тирана! (ФОТО)

129
ФОТО:.facebook.com/kftirana.al/

И официјално Ардијан Нухиу не е веќе тренер на Тирана, на еден од најголемите клубови во Албанија. По само четири месеци престој во таборот на “сино – белите“, Нухиу и Тирана се разделија. Можеби очекувано ако се знае резултатите на овој тим не беа според очекувањата на сите во клубот.

Смената на Нухиу ја потврдија и од клубот:

Фудбалскиот клуб Тирана објавува дека соработката со тренерот Ардијан Нухиу е прекината е спогодбено. КФ Тирана изразува најискрена благодарност до тренерот Ардијан Нухиу за придонесот, професионализмот и посветеноста што ги покажа додека го водеше нашиот тим. За време на соработката, тој го даде својот максимум за бело-сините бои, работејќи со страст, коректност и почит кон клубот и нашите навивачи.
Му посакуваме успех во неговата професионална кариера“,
се вели во соопштението на Тирана.

ПретходноЈана Атанасовска блесна и победи во Телфс!
СледноОфицијално:Торино има нов тренер! (ФОТО)