Се чини дека денешниот дуел на второлигашите Победа – Вардар буди најмногу внимание кај фудбалската јавност во нашата земја. Некогашните прволигаши, кои имаа многу епски битки, денеска само како второлигаши ќе се борат за пласман во 1/8 финалето во Купот.
Последен пат нивната пресметка во Купот беше за големиот трофеј. Тоа беше онаа 2007 година, кога на тогашниот „Градски“, се играше финалето меѓу Победа и Вардар, а на крајот „црвено-црните“ го подигнаа трофејот.
14 години подоцна сега ова е дуел за престиж, за пласман во 1/8 финалето. Затоа што е тешко за верување дека на некој од двата тима му е дојдено до Куп трофеј, во миговите кога амбициите се враќање на прволигашката сцена.