Тиквеш вчера среде Ѓорче успеа да слави на гости кај Македонија ЃП и да освои три златни бода во битката за опстанок. Кавадарчани беа подобри, креираа голем број шанси и го надиграа домаќинот, токму затоа заслужено победија со голот на Лучијано.
И кога ќе се победи на ваков начин, кога ќе се победи кај “лавовите“ на нивни терен, секако дека големи заслуги одат кај шефот на стручниот штаб на Тиквеш, Борче Христов.
Па така според “СпортСпорт“ токму Христов е тренерот на ова 19.коло.
Јасно е дека сеуште ништо не е готово, има да се игра уште многу, но овој Тиквеш предводен од исусниот стратег има реална шанса да избори опстанок.















