Официјално: Талант Душебаев е нов селектор на Франција!(ФОТО)

113
ФОТО:facebook.com/FRAHandball/

Од денеска и официјално ракометната селекција на Франција има нов селектор, а тоа легендарниот Талант Душебаев. Тој е прв странец селектор на Франција по 1958 година.

Тој ќе го има своето деби како селектор на “триколорите“ на 16 март кога Франција и Шпанија ќе одиграат пријателски мечеви.

Ова доаѓа откако досегашниот селектор на Франција, Гијом Жил се повлече од селекцијата по неуспешниот настап на последното Европско првенство.

Талант Душебаев е ракометна легенда, тоа беше како играч а и сега како тренер. Тој е актуелен тренер на Киелце, но од таборот на полскиот гигант доби дозвола да биде и селектор на Франција.

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Борче Христов (Тиквеш)
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 19.КОЛО: Зејнулаи блесна во Кратово