КОМЕНТАР НА 6.КОЛО: И не се само Шкендија и Шкупи…во битката за титулата!

802

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Шестото коло и дефинитивно покажа, за инает на оние кои што поинаку прогнозираа, дека во битката за титулата и не се само Шкендија и Шкупи. Екипите со најзвучни состави, екипите кои вчера во супер – дербито во Тетово одиграа без победник 0:0.

Солидно дерби, посебно во вториот дел, со шанси на двете страни. Шкендија мораше да победи, но за тетовци уште ништо не е загубено, па има да се играат уште 27 кола.

Па така сега по 6.коло лидер на табелата е Академија Пандев, па доаѓа Струга ТЛ, па Шкупи и Ренова, Работнички. Па дури потоа Шкендија која е после Македонија ЃП. Да не заборавиме на Брегалница.

И дефинитивно овие екипи кои се од првата до осмата позиција ќе се борат за висок пласман. А Академија Пандев упорно покажува и докажува дека и на нејзе треба да сметаме во битката за титулата, а зошто да не.

САМО СТРУГА ТРМ ЛУМ ОСТАНА НЕПОРАЗЕНА

Брегалница по цели две години е поразена во првенството, во неделата загуби од Работнички. Но сепак треба да се знае дека барем 4-5 стандарни првотимци не беа на располагање и тоа поради болест. Работнички се чини како предвреме да го отпишавме од битката за висок пласман, како сите да заборавивме што значи Работнички во мак – фудбалот. Тимот на Влахо почна да игра квалитетно, да победува, допрва овој состав на Работнички ќе ги искаже сите свои квалитети, кои не се мали.

Македонија ЃП е енигма. Има добар тим, има два добри тима, но никако да тргне. Ако сама висок пласман Македонија ЃП не смее да губи со 1:4.

Ренова од коло во коло е се подобра и подобра, а што да се каже за Струга Трим Лум која од 20 март оваа година не знае за пораз во ПМФЛ. Треба да се каже едно големо БРАВО.

ПретходноФазли: Да не беа повредите, мојата кариера ќе беше подобра
СледноТурскиот моден бренд „Кигили“ е нов спонзор на КФСМ!