Ете, и тоа го има. И тоа во Македонија. Имено ФК Росоман кој се натпреварува во третата лига или во јужниот регион, се пофали дека потпишал со Роналдо и на својот ФБ профил му посака добредојде на новото засилување.
Да нема забуна, не станува збор за “вистинскиот“ Роналдо, односно Кристијано Роналдо за кого треба веројатно цел буџет на Р. Македонија да се искористи за да дојде во нашата земја и да ја продолжи кариерата во еден наш клуб, туку за извесен Роналдо Фазлиов кој направил трансфер од Дреново во Росоман.
Сепак Роналдо си е Роналдо, па макар и Фазлиов.










