На огромно задоволство на струмичани, а на специјална покана на Зоран Балдовалиев, денешниот дуел од новото коло од ПМФЛ шампионатот, помеѓу домашната Брера и екипата на Струга ТЛ ќе го проследи како специјален гостин Аврам Грант, израелската тренерска легенда.
Грант како што е добро познато меѓудругото во својата богата кариера го водеше големиот Челзи и репрезентацијата на Израел.
Зоран Балдовалиев со своите контакти ширум Европа и светот е најзаслужен за тоа што Аврам Грант во моментов е во Струмица.














