Арбелоа: Јас сум виновен за овој пораз

244

Синоќешниот пораз на тимот на Реал Мадрид во дуелот на домашен терен против тимот на Гетафе во рамките од новото коло во Примера шампионатот и тоа на домашемн терен делува шокирачки на Сантијаго Бернабе.

Конечните 0:1 говорат дека Реал не само што не погоди во противничката мрежа, туку и не успеа да се одбрани.

Тренерот на Мадрид, Арбелоа ја презема тотално одговорноста за дебаклот.

„Јас сум виновен за овој пораз. Нема да ги обвинам играчите секако по се што сториај вечерва. Можеме да се подобриме, но одговорноста е моја. Нашата цел е да ги освоиме преостанатите 36 бода. Мора да го добиеме следниот натпревар против Селта. Никогаш не се откажуваме. Дали Ла Лига заврши? Не, не. Имаме уште 36 бода и ќе се бориме до крај. Само четири бода се разликата со Барселона, можеме да ги стигнеме. Ова е Реал Мадрид“, –  ја презеде вината за поразот Арбелоа, па додаде.

„Исклучување на Мастантуоно? Ова не треба да се случи. Не знам што рече. Жолтите картони сега нè оставаат без важни играчи. Разбирам зошто навивачите ме исвиркаа кога го заменив Питарч. Имаше многу паузи во играта. Судијата ги дозволи. Но, ова не е критика; Хетафе играше добро. Хетафе се бранеше многу добро. Требаше да бидеме поагресивни.“ – рече младиот стратег.

ПретходноЧетири медали за Македонските каратисти од сениорско Балканско првенство во Бања Лука -2026
СледноАмериканецот уште долго ќе биде дел од Јувентус