Каков пресврт: Клоп си оди од Ред Бул, а го менува Гласнер?!

395
ФОТО: Јurgen Klopp/X

Дали на повидок е голем превсврт и дали конечно Јирген Клоп и Флорентино Перез ќе се договорат? Имено се погласни се гласините дека Јирген Клоп наскоро би можел да ја напушти директорската позиција во Ред Бул и да се врати на тренерската работа, но има вести дека би можел да биде заменет од Оливер Гласнер.
Како што објавија бројни извори, Германецот практично се согласил да се раздели од Ред Бул по само 14 месеци, па сега неговите гласини за преземање на Реал Мадрид дефинитивно ќе се зголемат.
Не е тајна дека Клоп е најголемата желба на Флорентино Перез, но дека Германецот досега беше „недостапен“ за конкретни преговори. Доколку ја изгуби работата, сигурно ќе ја разгледа опцијата за преземање на Реал Мадрид.
Во исто време, има информации дека Ред Бул ќе го доведе Оливер Гласнер наместо Јирген Клоп.
Австриецот е во последната година од договорот со Кристал Палас, одамна е познато дека нема да го продолжи и дека ќе биде достапен за други работни места од летото.

ПретходноНесторовски повторно во „Тимот на колото“ во Хрватска
СледноИм донесе четири големи трофеи, па му врачија отказ