Екипата на ЦСКА Москва дојде до третата победа во рускиот шампионат, втора во низа, откако на домашен терен славеше против Краснодар со убедливи 34-28.
Тимот за кого настапува македонската репрезентативка, Сара Ристовска лесно ги „прокнижи“ новите бодови, во првото полувреме имаше водство од 18-13, до крајот лесно го приведе мечот.
Ристовска беше една од најдобрите ракометарки на ЦСКА Москва, зад своето име запиша четири гола од исто толку обиди. Нејзината екипа по 4. коло е на второто место на табелата во групата А, зад Ростов кој има „четири од четири“.