Денеска на програмата од новото коло во ПМФЛ шампионатот е големото дерби помеѓу екипите на Вардар и Шкендија. Дуелот на сезоната се игра на комплексот Петар Милошевски од 14:00 часот и е уште еден во низата на овие два вечни ривали.
Вардар и Шкендија потврдено се најтрофејните клубови во Македонија, заедно со Шкупи, Работнички….
Актуелниот шампион и есенскиоте првак се рамо до рамо со децении сега веќе во битката за превласт во домашниот шампионат, а Вардар секако сеуште е најтрофеен македонски фудбалски колектив.
Историјата на меѓусебните дуели на овие два тима стартува во сезоната 1996/97 кога Шкендија за прв пат е дел од прволигашкиот шампионат на независна Македонија. Во тие години Вардар беше поим за сила, па дуелите во 99% од случаите се со позитива за клубот од Скопје.
Во тие години Вардар е во огромна предност што се однесува до меѓусебниот скор кој во моментов број точно 70 дуели досега.
Вардар има вкупни 24 победи над Шкендија додека пак седумнаесет мечеви завршиле нерешено. Лошото функционирање на Вардар во претходните години, наспроти стабилноста на Шкендија доведе до тоа тетовци во моментов да имаат 29 победи.
Дел од овие мечеви се во Купот на Македонија каде што Вардар и Шкендија за прв пат се сретнале во сезоната 2012/2013. Најмасовното фудбалско натпреварување во Македонија брои вкупно шест меѓусебни дуели односно дванаесет мечеви одиграни што во Скопје што во Тетово.















