Кузмановски е капитениште: Имал треска и играл со температура од 39!

495

Пелистер ја приреди најубавата ракометна приказна синоќа во Битола. Пред полни трибини во салата „Боро Чурлевски“ одигра реми против ѕвездениот ПСЖ и покажа дека битките се решаваат на хартија.

Во текот на целиот меч, македонскиот првак беше предводен од капитенот Филип Кузмановски, кој постигна 10 гола против францускиот тим. И не е само тоа, тренерот Стевче Алушовски после мечот откри дека игра со температура.

„Имаме квалитет, загрижен сум за ситуацијата со новото засилување Граховац. Тој е клучен ракометар во ротацијата. Филип Кузмановски играше со треска, во текот на денот имаше 39. Ќе видиме каква ќе биде ситуацијата, бидејќи нè очекуваат важни натпревари во Купот на Македонија“, рече Алушовски, кој им се заблагодари на сите присутни за поддршката.

„Ова беше феноменален натпревар. Можам само да им честитам на ракометарите. Покажавме огромен карактер, и кога губевме со два гола разлика на само една и пол минута до крајот, верувавме во себе и се вративме. Бевме нервозни на почетокот, правевме грешки, кои според мене не се грешки туку глупости, но кога играш против ПСЖ и во ваква атмосфера, нормално е фокусот и главата да не ви бидат тука. Меѓутоа мислам дека од ден во ден екипата расте, почнуваме да веруваме во она што го работиме и во нашиот систем. Голема благодарност до битолчани, беше задоволство да се води оваа екипа од клупата“.

ПретходноДодев: Силекс сигурно ќе се прашува за исходот од мечот со Пелистер
СледноМеѓусебни дуели: Вардар доминираше на почетокот, Шкендија возврати годиниве