Уште ова фалеше во НБА: Шај Гилџес-Александар ли е мечка ли е!? (ВИДЕО)

109

Дека кошаркарите во НБА лигата и воопшто спортистите во САД имаа тенденција да го шокираат светот со својот стил на облекување не е непознаница. Дека секојдневно смислуваат како и на кој начин да бидат центар на внимание исто така не е реткост.

Во таа насока синоќа играчот на Оклахома Сити, Шај Гилџес-Александар на официјалниот прес по победата над Никси во Њујорк се појави со бунда, со која што наликува повеќе на мечка отколку на човек.

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата очигледно како и многу други има потреба да биде различен од останатиот свет, кој веројатно дури и да ги има неговите пари и богатство, ниту на крај памет не би му било да облече нешто вакво, и за личи повеќе на истражувач на Аљаска од почетокот на минатиот век, отколку на професионален спортист во 2026 година.

ПретходноЕХФ одложи нов натпревар поради војната на Блискиот Исток
СледноПМФЛ полувреме: На дербито Вардар – Шкендија засега без голови