За Пелистер нема калкулации, со поголема мотивираност до три бода!

99
ФОТО:.facebook.com/FC.PelisterBitola

Во сенка на големото дерби меѓу првите две екипи на табелата, денеска Пелистер го пречекува Силекс во Битола, во натпревар кој има огромна тежина за домшаниот клуб. Конкурентите од борбата за опстанок, Македонија ЃП и Тиквеш славеа победи над Работнички односно Арсими, со што уште еднаш се покажа дека со исклучок на првите две екипи, во останатите мечеви речиси секој може секого да победи.

Со тој лајт мотив и битолчани влегуваат во дуелот против Силекс, осоколени од добрата игра (особено во второто полувреме) на последниот натпревар против Шкендија.

„Во Тетово среќата не беше на наша страна, но се надевам дека денеска ќе одиграме на исто ниво. Подготвени сме максимално за денешниот натпревар, покажавме дека можеме да се надигруваме со секого. Го анализиравме противникот и ќе се обидеме со пристап во кој ќе покажеме максимална ангажираност и борбеност, со цел да освоиме три бода и да ја израдуваме битолската публика и нашиот 12-ти играч, „Чкембарите“,– вели Филип Бошковски, а се надоврзува и шефот на стручниот штаб на Пелистер, Милан Стојановски.

„На мечот во Тетово ни недостигаа некои првотимци, па драго ми е дека сега Швајц се враќа по отсуството поради картоните и ќе го засили тимот. Силекс во моментов е четврти и без оглед на исходот на овој натпревар ќе остане таму, па нашата шанса е да покажеме мотивираност и да ја посакуваме победата повеќе од нив,- рече Стојаноски.

Пелистер и Силекс се стари прволигаши и нивните дуели се профилираат во вистински дерби мечеви од ПМФЛ. Битолчани последен пат славеа против Силекс на стартот од сезоната во 2024/25 кога го совладаа фаворизираниот тим со 1:0. На домашен терен имаат загубено во пријателски мечеви и во Купот, но во првенството последен пат биле поразени дури во 2020 година. Мечот ќе започне во 16 часот и ќе се игра под рефлектори на спортскиот комплекс „Петар Милошевски“.

ПретходноМеѓусебни дуели: Вардар доминираше на почетокот, Шкендија возврати годиниве
СледноЉупчо Марковски повеќе не е тренер на Шкендија Арачиново