Ако не беше одбраната на иранскиот голман Саид Хеидарирад, Пелистер немаше да дојде до ремито против ПСЖ. Па токму затоа тој со Дејан Манасков го имаат клучниот момент за бодот против ѕвезденит француски состав.
ЕХФ ТВ ги одреди најдобрите одбрани за претпоследното коло во групната фаза во Лигата на шампиони, а Хеидарирад ја има четвртата најдобра интервенција.










