Капитенот, Филип Кузмановски со десет погодоци го водеше Пелистер до ремито против ПСЖ. Македонскиот репрезентативец не само што беше најефикасен во редовите на битолчани, тој на дело покажа што значи да ја имаш капитенската лента.
Дента Кузмановски имал 39 температура и треска, но сепак одлучил да го одигра мечот против францускиот тим. Неговата желба заедно со своите соиграчи да ги израдуваат фановите на македонскиот првак беше поголема од болеста.
Кузмановски не остана незабележан од ЕХФ ТВ, па се најде во дрим тимот за претпоследното коло во Лигата на шампиони.
Комплетниот ростер можете да го видите на следниот ЛИНК.










