Ракометарите на Пелистер се првите учесници на завршниот турнир во Купот на Македонија. Битолчани го совладаа Прилеп во финалниот натпревар од групата Г со 30-28.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Андреј Видомски и Петар Атанасијевиќ со по шест гола, Давид Брестовац запиша осум одбрани.
Во составот на Прилеп се истакнаа Денис Шабановиќ со седум и Владан Кастратовиќ со пет погодоци.










