Победи за Работнички и Борец, супер-дербито утре во Струмица

94
ФОТО: ОФМ/Стојан Михаилов

Во очекување на утрешното дерби во Струмица меѓу шампионот и освојувачот на Купот, викендов се одиграа петте предвидени дуели од седмото коло во втората фаза од домашниот одбојкарски шампионат во машка конкуренција. Мал раритет е што сите пет дуели завршија со четити одиграни сета.

Очекувани победи остварија Работнички 71&22 и екипата на ГОК Борец, кои пред своја публика со по 3:1 славеа над Универзитет во Тетово и Сушево. Во натпреварите од плеј-аутот, Скопје успеа да слави на гости во Струмица кај Македонија Џио, додека Весна Пробиштип и Шкендија остварија домашни победи.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ / 7 КОЛО – ПЛЕЈ-ОФ

ГОК Борец – Сушево      3:1

Работнички 71&22 – Универзитет во Тетово     3:1

Струмица 47&72 – Штип УГД     пон. 20:00

ТАБЕЛА: 1. Штип УГД (49), 2. ГОК Борец (44), 3. Струмица (37), 4. Работнички (36), 5. Сушево (24), 6. Универзитет во Тетово (21).

ПРВА ЛИГА – МАЖИ / 7 КОЛО – ПЛЕЈ-АУТ

Весна Пробиштип – Јанта волеј 3:1

Македонија Џио – Скопје           1:3 

Шкендија – Лирија         3:1

ТАБЕЛА: 1. Шкендија (35), 2. Лирија (28), 3. Скопје (16), 4. Весна Пробиштип (15), 5. Македонија Џио (11), 6. Јанта Волеј (2).

ПретходноТерзиќ: Ако Црвена Звезда не освои шампионска титула, јас ќе поднесам оставка
СледноМиовски на клупа, Ренџерс поразен на пенали, навивачите приредија хаос (ВИДЕО)