Брера со мотив да одигра најдобро што знае, гостува во Тетово

101

Фудбалерите на АП Брера по ремито без голови на домашен терен против Струга Трим Лум, денеска гостуваат во Тетово и ќе ги одмерат силите со Шкендија. Тоа секако е еден од најголемите предизвици во шампионатот, посебно што домаќинот сега е потполно фокусиран на домашната сцена и во налет по победата над Вардар во дербито.

Но, младиот тим на Мартин Алаѓозовски ќе даде сѐ од себе да одигра најдобро што може и на овој натпревар.

„Како и на секој натпревар, влегуваме да се надигруваме и да одиграме најдобро што можеме“, е пораката од струмичкиот тим.

Дека Шкендија е фаворит покажува и статистиката која вели тетовци имаат пет победи на последните пет натпревари против АП Брера, а последниот меч се одигра на 15 јануари оваа година, кога Шкендија славеше со 3-0.

Натпреварот меѓу Шкендија и АП Брера е закажан за 14 часот, на Градскиот стадион во Тетово.

ПретходноШкендија со голема самодоверба, но без потценување влегува во мечот против АП Брера
СледноВардар во мисија да се врати на победите