Алушовски пред гостувањето кај Барселона: “Тоа ќе биде натпревар за уживање!“

131

Во среда од 20:45 часот ракометарите на РК Пелистер на гостувањето кај Барселона ќе го одиграат својот последен меч од годинашната Лига на Шампионите. Секако дека гостувањето кај еден таков ракометен гигант е голем предизвик за ракометарите на нашипиот шампион. Да не говориме дека мотиви кај битолчани има и тоа како, па не секој ден се игра против Барселона.

Во пресрет на тоа гостување, свој коментар за тој меч имаше и тренерот на Пелистер, Стевче Алушовски:

Барселона е лидер во нашата група, станува збор за една екипа која во моментов веројатно го игра најдобриот ракомет во Европа. Овој тим има свој систем кој долго го практикува. Јасно е дека Пелистер нема што да загуби на ова гостување, може само да добие“ посочи Алушовски и дополни:

Се подготвуваме како и пред секој друг меч. Анализираме кои се слабите страни како во одбрана така и во напад. Имаме проблеми, Филип Кузмановски уште не е во тренажен процес. Тоа ќе биде натпревар за уживање, јасно е дека ако ни се укаже шанса ќе се обидеме да ја изненадиме Барселона“.

ПретходноБраво: Некогашниот дефанзивец на Струга ТЛ му го спаси животот на противнички играч на Малта!
СледноНе се чекаше многу: Лапорта му одговори на Чави!