Пораз за крај: МЗТ Скопје А. по две продолженија загуби и се прости од АБА 2

97
фото: ABA 2

Кошаркарите на МЗТ Скопје А. не успеаја да направат изненадување на гостувањето кај Широки и со пораз (111:109) по две продолженија ги завршија настапите во регуларниот дел од АБА 2 лигата. Вечерва момците на Васко Атанасов одиграа просечен меч и му дозволија на домашниот тим континуирано да го оддржува водството во првите три четвртини, па се обидоа да дојдат до комплетен пресврт за победа во последните 10 минути, но успеаја само да се изборат за продолжение (92:92).

Во првите дополнителни пет минути, Широки ја искористи шансата и се избори за предност, но упорноста на МЗТ Скопје се исплатеше и со поените на Меккаден стигнаа до уште едно продолжение (102:102).

Вторите пет минути беа неисвесни до крај, но домашните за два поени беа подобри од нашиот првак, нанесувајќи му го четвртиот пораз во осмиот настап на нашиот првак. Со тоа МЗТ Скопје А. не успеа да дојде до место во плеј-офот.

Меккаден со 30 и Смит со 25 поеби беа најефикасни во редовите на нашиот првак, додека кај Широки, Трајс заврши со 33 поени.

ПретходноДва важни моменти: „Фештата“ во Германија, Парондо со искрени честитки до Вардарци
СледноЛШ: Њукасл и подари реми на Барса, Баерн и Атлетико (М) итаат кон четвртфинале (ВИДЕО)